Испечатете ја страната

Среќен 44. роденден за тренерот Александар Тодоров!

2017 17 Јул

Денешниот ден дефинитивно е посебен за тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Тодоров, со оглед што го прославува својот 44. роденден.

Летната пауза е причина што ќе изостане традиционалното честење со торта на останатиот дел од тимот, кој новиот стратег на шампионот сѐ уште го составува. Досега се ангажирани Дамјан Стојановски и Бобан Стајиќ, кои им се приклучија на Марко Симоновски, Адем Мекиќ и Ксавиер Темс, кои имаа договор со „металците“ и за следната сезона, а потпишаа и младите и талентирани Михајло Митев и Ранко Мамузиќ.

За Тодоров ова ќе биде четврто седнување на клупата на МЗТ Скопје Аеродром, по претходните епизоди во 2000, 2007 и 2011 година, а ќе го предводи шесткратниот првак во АБА-лигата и двете домашни натпреварувања.