МЗТ Скопје Аеродром го пречекува Партизан на стартот од сезоната во АБА-лигата!

2017 10 Јул

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на домашен терен ќе ја почнат новата сезона во АБА-лигата и тоа против најтрофејниот тим во ова натпреварување, белградски Партизан.

Првенството стартува на 30 септември, а првата гостинска средба „металците“ ќе ја одиграат во Белград против ФМП во рамки на 2. коло. Актуелниот шампион Црвена звезда во Скопје ќе гостува в година, во рамки на 17. коло додека ќе имаме пеколен финиш на сезоната со оглед што во последните три кола ќе им гостуваме на двата незгодни црногорски тима, Будуќност и Морнар додека ќе ја пречекаме секогаш силната Цедевита.

 

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page