Среќен 22. роденден за Љубомир Младеновски!

2017 02 Мај

Со желби за што е можно побрза рехабилитација по повредата на скочниот зглоб како и за остварување за посакуваното на професионален и приватен план, кошаркарите и членовите на стручниот штаб на МЗТ Скопје Аеродром на денешниот претпладневен тренинг му го честитаа 22. роденден на македонскиот репрезентативец, Љубомир Младеновски.

Традиционално, барем сезонава, роденденската торта ќе биде честена, а потоа и изедена по завршувањето на вечерната тренажна обврска. За популарниот Бубе ова е четврта сезона во сино-белиот дрес на шампионот во која настапи на 16 средби во АБА-лигата со вкупно остварување од 29 поени и 34 скокови како и шест мечеви во Еврокупот со 19 постигнати поени и 12 остварено скокови.

Управата на МЗТ Скопје Аеродром му го честита роденденот на Младеновски и му посакува уште подобри игри до крајот на сезоната, кои ќе бидат крунисани со освојување на шампионската титула.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page