Пораз од Морнар во последниот меч сезонава во АБА-лигата

2017 13 Мар

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со пораз ја завршија сезоната во АБА-лигата, откако вечерва загубија на домашен терен во пресметката со Морнар (63-69) во натпревар од последното коло од регионалното натпреварување.

Ова значи дека ја завршуваме сезоната со осум победи и 18 победи, исто колку и последнопласираната Крка, која сепак го губи АБА-лигашкиот статус поради фактот што имаме подобар кош-количник во двата меѓусебни меча. Вечерашната средба немаше преголемо резултатско значање, а како важно се покажа отсуството на повредениот Стефан Синовец.

Избраниците на тренерот Анте Назор држеа резултатска неизвесност во првото полувреме, но паднаа во третиот период во кој гостите направија двоцифрена предност. Последната четвртина ја одигравме многу подобро, но неуспеавме да ја надополниме големата негатива.

Ѓорѓе Дреновац со 21 поен беше единствената светла точка во МЗТ Скопје Аеродром додека Јуре Лалиќ, Шарлон Клоф и Ксавиер Темс постигнаа по девет поени.

Мислите на сите во таборот на „металците“ веќе се насочени кон домашното првенство, кое за аеродромци почнува в четврток, кога во „Јане Сандански“ ќе гостува тимот на Фени индустри.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page