Бесплатен влез за утрешната пресметка со Морнар

2017 12 Мар

Управата на МЗТ Скопје Аеродром реши да ги отвори вратите и да им овозможи бесплатен влез во салата „Јане Сандански“ на сите кошаркарски вљубеници кои во живо ќе сакаат да го проследат дуелот со црногорски Морнар (18 часот), кој е последен за нашиот тим сезонава во АБА-лигата.

Челниците на клубот на ваков чекор се решија како благодарност на сите кои изминативе месеци доаѓаа на трибините во спортскиот комплекс во населбата Аеродром и даваа поддршка на кошаркарите во сино-бела опрема. Утрешниот меч нема резултатско значење со оглед на обезбедениот опстанок во регионалното натпреварување, но тоа не значи дека избраниците на тренерот Анте Назор нема да дадат сѐ од себе за да дојдат до деветата победа на МЗТ Скопје Аеродром со која ќе биде ставен позитивен крај на сезоната во АБА-лигата.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page