МЗТ Скопје загуби во Подгорица, но доби две идни ѕвезди – Настовски и Тодоровски!

2017 06 Мар

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром загубија на гостувањето кај Будуќност (61-92) во меч од претпоследното коло од АБА-лигата кој за нашиот клуб немаше резултатско значење со оглед на обезбедениот опстанок по синоќешниот пораз на Крка од Партизан

Без разлика на убедливиот пораз, резултатот од оваа средба брзо ќе се заборави, но дуелот во Подгорица долго ќе се памети по дебито на двајца тинејџери во сино-белиот дрес – 18-годишниот Леонид Тодоровски и 16-годишниот Андреј Настовски. Овој вториот успеа и да постигне кош по соло акција и во директен дуел со двојно повозрасните и далеку поискусните кошаркари на Будуќност. Дебито на талентираниот двоец само е потврда на интенцијата на тренерот Анте Назор за сериозна работа со најдобрите играчи од младинскиот погон на МЗТ Скопје Аеродром и нивно приклучување во сениорскиот погон.

Ксавиер Темс со 20 поени, пет скока и четири асистенции и Ѓорѓе Дреновац со 13 поени и пет скока беа нешто подобри од останатите, меѓу кои Јуре Лалиќ реализира 10 поени.

Последниот дуел за нашиот тим во АБА-лигата сезонава е за точно една недела (следниот понеделник), кога во „Јане Сандански“ ќе гостува црногорски Морнар. Следниот викенд почнува и домашната Суперлига, чиј распоред ќе биде познат утре, по ждрепката на натпреварувачките броеви на двата јадрански лигаши од нашата земја, МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page