МЗТ Скопје Аеродром вечерва му гостува на Будуќност

2017 06 Мар

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва му гостуваат на тимот на Будуќност (18 часот) во претпоследниот меч сезонава во АБА-лигата во кој влегуваат без поголем резултатски императив, откако по синоќешниот пораз на Крка кај Партизан и теоретски го обезбедија опстанокот во регионалното натпреварување.

Згора на тоа, тренерот Анте Назор на располагање ќе има само осум играчи поради отсуството на повредените Стефан Синовец и Љубомир Младеновски, што е причината за присуство на двајца младинци во составот кој ќе се појави во Подгорица, а тоа се Андреј Настевски (16 години) и Леонид Тодоровски (18). И покрај сето ова, играчите што ќе настапат се подготвени да дадат сѐ од себе и да пробаат да пружат што е можно посилен отпор против големиот фаворит.

И покрај тешката ситуација во која реално се наоѓаме, очекувам добар натпревар. Екипата на Будуќност е единствената од големата четворка која ја победивме на домашен терен, што ни дава за право да бидеме оптимисти пред дуелот во Подгорица. Ќе се обидеме да се прикажаме во добро светло и покрај фактот што противникот има поголема широчина во ростерот. Разликата во пласманот на табелата на двете екипи сосема доволно говори дека домаќинот ја има улогата на голем фаворит, но тоа никако не смее да влијае врз нашата мотивација бидејќи ние мора да бидеме оние вистинските од првиот до последниот момент на натпреварот. Се надевам дека ќе успееме барем делумно да го поправиме лошиот впечаток кој го оставивме на последните две средби од АБА-лигата, против ФМП и против Игокеа“, е коментарот на Назор пред вечерашната средба.

Ова ќе биде десетти меч на двата тима во АБА-лигата, а досегашниот скор е 7-2 во корист на Будуќност. Судии на вечерашниот натпревар се Марко Јурас (Србија), Драган Краљ (БиХ) и Матеј Болтаузер (Словенија), а директен пренос е предвиден на каналите на Македонската телевизија (МТВ).

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page