МЗТ Скопје Аеродром поразен во пресметката со Игокеа

2017 27 Фев

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром не ја искористија првата шанса за обезбедување опстанок во АБА-лигата, откако загубија во вечерашната пресметка на домашен терен против Игокеа (67-71) во последниот меч од 23. коло од регионалното натпреварување.

Сино-белите постојано каскаа зад противникот, но секогаш беа на достижна дистанца до него. Во финишот со тројката на Ксавиер Темс поведоа со 61-58, но потоа противникот постигна неколку коша во серија, повторно го презеде водството, кое умешно го одржа до самиот крај.

Вечерашниот пораз значи дека неопходната победа за опстанок ќе ја бараме во последните две кола, прво на гостувањето кај Будуќност следниот понеделник, а потоа и на домашен терен во пресметката со Морнар за точни две недели.

Ѓорѓе Дреновац со 16, Ксавиер Темс со 15 и Јуре Лалиќ со 10 поени беа подобри од останатите на вечерашниот дуел.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page