Ван Острум замина на операција во Лондон, му посакуваме брзо опоравување и успех во кариерата!

2017 27 Фев

Британскиот кошаркарски репрезентативец, Девон ван Острум, утринава ја напушти Македонија, откако викендов се поздрави со соиграчите од таборот на МЗТ Скопје Аеродром, каде што со своето однесување и пожртвуваност ги освои срцата на сите без разлика што одигра само пет натпревари во сино-белиот дрес.

Причина за вака кусиот престој во „Јане Сандански“ на Британецот со холандско потекло е тешката повреда на коленото, која ја доби во полуфиналниот дуел од Купот на Македонија против Фени индустри во Кавадарци. Лекарската дијагноза беше немилосрдна, скинати предни вкрстени лигаменти што автоматски значеше и минимална шестмесечна пауза.

Без разлика на фактот што плејмејкерот беше на краткорочен договор со важност до крајот на АБА-лигата (уште две кола), управата на МЗТ Скопје Аеродром му понуди на Ван Острум помош (логистичка и финансиска) околу операцијата која е неопходна при вакви повреди. Британецот, сепак, се заблагодари на понудената помош и во консултација со матичните лекари реши да се оперира во Лондон, каде што трошоците ќе му бидат покриени од Кошаркарската федерација на Велика Британија со оглед на статусот репрезентативец на оваа држава.

Управата на МЗТ Скопје Аеродром останува подготвена да му помогне на Ван Острум во перидот на неговата рехабилитација, нормално во рамки на клупските можности, а воедно и му посакува брзо опоравување и успех во неговата понатамошна кариера.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page