Јубилеј: Синовец во Љубљана го одигра 50. натпревар за МЗТ Скопје во АБА-лигата!

2017 08 Фев

Српскиот интернационалец Стефан Синовец во неделната победа против Унион Олимпија одбележа мал, но значаен јубилеј, а тоа е 50. настап во дресот на МЗТ Скопје Аеродром во средбите од АБА-лигата..

Тој во „Јане Сандански“ дојде во 2013 година, потоа на почетокот од следната сезона имаше куса епизода во унгарски Шолник по што се врати во сино-белиот табор, а третата аеродромска епизода ја почна во октомври минатата година кога повторно се врати по неколкуте порази на „металците“ на стартот од актуелното првенство на најдобрите екипи од просторот на поранешна СФР Југославија. Досега сезонава настапи на 15 натпревари со просек од 8,5 поени, 3,5 скока и 3,4 асистенции.

Синовец е шестиот кошаркар кој дошол до оваа бројка натпревари во дресот на МЗТ Скопје Аеродром во регионалното натпреварување. Рекордер во оваа категорија е Дамјан Стојановски, кој има 79 настапи за актуелниот македонски шампион, а зад него се Кирил Николовски и Урош Лучиќ со по 56.

Точно на 50 јадрански средби застанаа Американецот Кејд Дејвис и младиот Горјан Марковски, а следен кој ќе влезе во ова друштво е Љубомир Младеновски, кој досега 48 пати бил дел од сино-белиот тим на средбите од регионалното натпреварување. На оваа бројка натпревари, пак, застанаа некогашните „Кули близначки“, Тодор Гечевски и Ѓорѓи Чековски.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page