Шампионот „од втора“ тргна на пат кон Загреб, но без повредениот Синовец!

2017 07 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром претпладнево „од втора“ заминаа кон Загреб, каде што утре ќе ги одмерат силите со Цибона во рамки на 17. коло од АБА-лигата, откако вчера, по неколкучасовно чекање поради лошото време, останаа приземјени на аеродромот „Александар Велики“.

Според планот, сино-белата експедиција треба да пристигне во хрватската престолнина нешто после пладне, а вечерва ќе го одржи планираниот тренинг во загрепскиот храм на кошарката кој го носи името на легендарниот Дражен Петровиќ. Средбата е предвидена за утре со почеток во 17 часот и директен пренос на првиот канал на Македонската телевизија (МТВ).

Лоша вест е што меѓу патниците не е и српскиот интернационалец Стефан Синовец, кој се повреди на еден од последните тренинзи пред дуелот со „цибоси“. По деталните лекарски прегледи е утврдена „парцијална руптура на задната ложа“ што значи најмалку двонеделно отсуство од тренинзите, а можана е пауза и од дваесетина дена. Ова е голем удар за тимот предводен од Анте Назор, кој за утрешната средба нема да може да смета и на Јуре Лалиќ, кој има скршен нос. Со ова само продолжија малерите во таборот на шампионот, од кои „металците“ не можат да куртулат речиси во текот на целата сезоната.

Делумно добра вест е враќањето на Британецот Даниел Кларк, кој поради слична повреда како Синовец паузираше речиси три недели, но останува да се види колку ќе може да помогне по подолгата пауза. Во тимот е и македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски, но и неговиот настап е повеќе од дискутабилен поради повреда на препоните.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page