Џош Скот по третпат во идеалната петорка на колото во АБА-лигата

2017 04 Јан

Американецот Џош Скот одигра одлично во поразот на МЗТ Скопје Аеродром на домашен терен од Цедевита и со најголем број индексни поени (34) се најде во идеалната петорка на 16. коло од АБА-лигата.

Фактот што неговиот тим загуби беше причина што крилниот центар на сино-белите не е избран за најкорисен, МВП-играч на колото туку тоа е кошаркарот на Црвена звезда, Лука Митровиќ, кој собра 32 индексни поени. Ова е третпат за Скот да се најде во најдобрата петорка, откако претходно тоа му успеа во седмото односно осмото коло од регионалното натпреварување.

Претходно, од таборот на аеродромци, вакво нешто им појде од рака уште и на Јуре Лалиќ и на Ѓорѓе Дреновац.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page