Против хрватска Цедевита ја почнуваме новата 2017 година!

2017 02 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром не можеа премногу да се опуштат за време на новогодишната прослава, со оглед на тоа што денеска на домашен терен ја пречекуваат силната Цедевита (17 часот) во меч од 16. коло од АБА-лигата, кој воедно е прв за нашиот тим во новата 2017 година.

Станува збор за добро познат противник со кого досега сезонава одигравме три меѓусебни средби, кој воедно е меѓу главните фаворити за висок пласман како во регионалното натпреварување така и во Еврокупот. Финишот од 2016 година донесе нов голем малер за тренерот Анте Назор, откако на еден од последните тренинзи скршеница на носот доби Јуре Лалиќ, кој веднаш мораше да биде опериран и кој најмалку десетина дена ќе биде надвор од паркетот. Покрај него, денешниот меч ќе го пропуштат и Даниел Кларк и Стојан Ѓуроски, а добра вест е враќањето на Марко Симоновски и Ксавиер Темс.

Најмалку што очекувам е денеска да го повториме пристапот и ангажманот од првите три четвртини од неодамнешната пресметка со Партизан, но овој пат тоа да биде во текот на сите 40 минути. Со агресивност во одбраната и контрола во скок-играта ќе пробаме да дојдеме до повеќе ситуации на транзиција, кои, пак, би ни овозможиле низа лесни поени. Против себе ќе имаме исклучително квалитетна екипа, која во последно време игра одлично, но и состав кој најдобро го познаваме со оглед на тоа што имавме најголем број меѓусебни дуели сезонава во АБА-лигата и во Еврокупот. Ќе пробаме да направиме игра со која би ги анулирале позитивностите во нивната игра, а би ги искористиле слабостите, кои добро ги познаваме. Основна задача ќе ни биде да го запреме нивниот плејмејкер да не се разигра себе си ниту соиграчите и добро да парираме на нивната играта под кошевите каде што го имаат одличниот Миро Билан. Мене ме интересира само напредокот на мојата екипа, а досегашните резултати говорат дека во оваа конкуренција нема непобедливи тимови што значи дека и овој пат ќе пробаме да дадеме се од себе и да обезбедиме шанса да се бориме за триумф против реномираниот противник“, вели хрватскиот стратег на клупата на МЗТ Скопје Аеродром.

Ова ќе биде 12. меѓусебен дуел на двете екипи досега во сите натпреварувања, а досегашниот скор е 9-2 во корист на гостинот од Загреб. Сино-белите последен пат ја совладаа Цедевита во февруари 2013 година, додека во следните речиси четири години хрватскиот состав е во низа од девет победи по ред. Судии на натпреварот се Милош Кољеншиќ (Црна Гора), Драган Нешковиќ и Радош Арсенијевиќ (двајцата од Србија). Средбата ќе биде директно пренесувана на првиот канал на Македонската телевизија (МТВ).

А, како новогодишен и божиќен подарок за сите вљубеници во кошарката, а во духот на традицијата од последните неколку години, управата на МЗТ Скопје Аеродром реши влезот за денешниот натпревар во салата „Јане Сандански“ да биде – бесплатен.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page