Новогодишен и божиќен подарок за навивачите – бесплатен влез за мечот со Цедевита!

2016 29 Дек

Како новогодишен и божиќен подарок за сите вљубеници во кошарката, а во духот на традицијата од последните неколку години, управата на МЗТ Скопје Аеродром реши да овозможи бесплатен влез за првиот меч во новата 2017 година, кој на 2 јануари (понеделник) ќе го одиграме со хрватска Цедевита.

Станува збор за меч од 16. коло од АБА-лигата, кој е од исклучително значење за нашиот тим, поради што ќе ни биде драгоцена секоја помош од трибините со оглед на квалитетот на екипата која ќе биде од другата страна на паркетот. Сино-белите кошаркари изминатиов период го одработеа максимално напорно и тоа под будното око на новиот кондициски тренер Марио Мандир, а екипата полека се комплетира по долгата низа отсуства поради болести, повреди и семејни трагедии.

Марко Симоновски од денеска е повторно во стројот по еднонеделното отсуство поради грип, исто како и Шарлон Клоф кој поради истиот проблем ги пропушти последните неколку тренинга. На паркетот по подолго време и е Ксавиер Темс, кој завчера се врати од САД, а според најавите, дуелот со Цедевита ќе го пропушти само Даниел Кларк, кој сѐ уште се рехабилитира од повредата на листот на ногата.

Натпреварот со хрватскиот гигант ќе се одигра во салата „Јане Сандански“ со почеток во 17 часот.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page