Добра вест за Назор: Американецот Темс повторно во стројот, ќе игра против Цедевита!

2016 27 Дек

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Анте Назор, има една грижа помалку во пресрет на првиот дуел во новата 2017 година против хрватска Цедевита во рамки на АБА-лигата (2 јануари), откако за вечерва се очекува враќањето на Американецот Ксавиер Темс, кој, ако се биде во ред со авионските врски, веќе од утре ќе треба да се врати во редовниот тренажен процес.

Зад бекот е едномесечно отсуство и тоа поради трагедија во семејството (смрт на неговиот татко), за што доби дозвола од управата на клубот, која му излезе во пресрет во тешките моменти за него и за неговите најблиски.

Темс првично замина на десетина дена, кога од нас побара можност да се прости од својот татко, кој беше тешко болен. Пред терминот предвиден за негово враќање, состојбата на родителот на нашиот кошаркар нагло се влоши и тој набрзо потоа почина, поради што Ксавиер не замоли за дополнително отсуство за да може да биде присутен на неговиот погреб, но и да биде крај својата мајка и помал брат во тешките моменти за нивното семејство. Темс има двогодишен договор со нашиот клуб и во него гледаме играч кој би можел да биде еден од нашите лидери на подолги стази и сметам дека е нормално што му излеговме во пресрет и на ова барање. Нашата реакција беше водена исклучиво од човечки, а не од спортски мотиви, бидејќи неговото отсуство од тимот и тоа како можеше да се забележи. Веруваме дека брзо ќе се врати во посакуваниот ритам и дека ќе биде оној стариот Темс, кој беше еден од нашите најдобри играчи пред заминувањето во САД“, вели Видоја Секуловски, директорот на МЗТ Скопје Аеродром.

Последен натпревар на популарниот „Екс“ во дресот на нашиот клуб беше во триумфот над ФМП на домашен терен на 18 ноември, што значи дека пропуштил пет натпревари во АБА-лигата како и последните три во Еврокупот. Претходно, на десет натпревари во регионалното натпреварување просечно реализираше 14,2 поени, 2,9 скока и 1,8 асистенции додека во на петте европски натпревари имаше просек од 16,8 поени, 3,4 скока и 2,8 асистенции.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page