Назор: Го плативме данокот на заморот и кусата ротација, но и потфрливме во дефанзивата!

2016 24 Дек

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Анте Назор, веднаш по средбата направи анализа на вечерашниот пораз на нашиот тим на гостувањето кај Партизан, уште еднаш потенцирањето го проблемот со големиот број на примени поени, што некако редовно ни се случува на средбите кои ги играме надвор од „Јане Сандански“.

Во поголем дел од натпреваров успеавме да му парираме на силниот Партизан, кој вечерва имаше повеќе енергија и поголема ротација и на крајот заслужено дојде до победата, на што им честитам. Мислам дека моравме да пронајдеме соодветен ритам и во последната четвртина иако сигурно го плативме данокот на големиот замор. Мојата екипа никако не смее да игра на вака висок број на поени, а нашата одбрана во првото полувреме не функционираше како што посакувам. Ќе мора да ја подобриме дефанзивата и да го намалиме бројот на офанзивни скокови на противникот, што истовремено ќе ни донесе многу повеќе можности за напади од транзиција. Нормално, многу ни недостасуваа тројцата отсутни кошаркари (Темс, Симоновски и Кларк – н.з.) и се надевам дека во иднина ќе почнеме да играме како што посакувам и тоа на начин на кој игравме во најголем дел од првите три четвртини од вечерашниот дуел“, изјави Назор на прес-конференцијата по средбата во салата „Пионир“.

Пред новинарите во српската престолнина се појави и бекот на „металците“, Сулејман Дијабате, кој смета дека играта прикажана во првите две четвртини треба да бидат своевиден показател за дуелите кои ни претстојат.

Секогаш е тешко кога ќе се загуби натпревар. Во првото полувреме одигравме повеќе од солидно, особено во одбраната каде што успеавме да го сопреме нивното главно оружје Хачер. Но, во второто полувреме противникот почна да погодува од далечина, нешто што ние не успеавме да го спречиме. И покрај поразот, мислам дека покажавме напредок во играта и мислам дека ако продолжиме со напорна работа и ако прикажеме партии како во првото полувреме вечерва, тогаш ќе може да очекуваме далеку подобри резултати“, изјави Дијабате.

Ова беше наш последен дуел за 2016 година. По дводневен одмор, кошаркарите во вторник ќе продолжат со тренинзи за првата пресметка во новата година – на 2 јануари против Цедевита на домашен терен.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page