Се држевме 30 минути, но во финишот потклекнавме пред силниот Партизан!

2016 24 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со пораз ја завршија 2016 година, откако загубија на вечерашното гостување кај Партизан со 76-91 (24-24, 18-23, 14-16, 20-28), второпласираниот тим на табелата во АБА-лигата.

Сино-белите му пружија силен отпор на фаворитот и покрај фактот што настапија со речиси само една измена со оглед на тоа што останатите тројца што влегоа во игра просечно минаа по само пет минути на паркетот. Избраниците на тренерот Анте Назор и покрај тоа што настапија без Ксавиер Темс, Марко Симоновски и Даниел Кларк три четвртини беа во игра за изненадување во белградскиот храм на кошарката. Но, во последниот период буквално останаа „без воздух“, а истовремено црно-белите погодија неколку тројки во серија, со што ги решија сите дилеми околу победникот на овој натпревар.

Стефан Синовец ја одигра можеби најдобрата партија сезонава во дресот на МЗТ Скопје Аеродром со 20 поени, четири скока и шест асистенции, а Џош Скот повторно беше одличен со дабл-дабл ефект од 15 поени и 11 скокови. Ѓорѓе Дреновац реализира 12, Јуре Лалиќ 11, а Шарлон Клоф 10 поени.

Аеродромци веднаш по средбата ќе тргнат кон Скопје, а играчите добиваат два дена одмор по што во вторник се очекува да почнат подготовките за првата средба во 2017 година – на 2 јануари на домашен терен против хрватска Цедевита.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page