Анте Назор: Имаме уште многу напорна работа пред нас!

2016 17 Дек

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Анте Назор, воопшто не беше задоволен по денешниот меч на домашен терен против Црвена звезда, не толку од поразот против досега неприкосновениот тим во АБА-лигата туку поради начинот на кој одиграа и се однесуваа неговите избраници во најголем дел од средбата.

Не сум задоволен од нашата игра, без разлика на силината на нашиот противник, пред се од пристапот на играчите на играта во одбраната. Моравме да ги спречиме поените во внатрешните линии и да им овозможиме лесен прием на центрите, моравме да имаме помал број на изгубени топки, а ние го направивме спротивното и им дозволивме да стигнат до лесни поени. Мораме да бидеме сконцентрирани во текот на целиот натпревар, мора да запаметат играчите дека натпреварот се игра од почеток до крај, не смее концентрацијата да ни паѓа. Имаме многу работа пред нас. Мораме многу повеќе да се почитуваме себеси. Екипата не е подготвена за овој ритам, ние игравме по два натпревари неделно, повредите си го направија своето и не можеме да влеземе во ритам. Поради скратената ротација ние не можеме подобро да реагираме, но тоа мора да се промени, мораме да бидеме подобри и посигурни во себе после секој тренинг и после секој натпревар“, изјави хрватскиот стратег.

Сино-белите по подолго време имаат можност цела недела да тренираат и да се подготвуваат за следниот дуел, в сабота против Партизан во Белград, со оглед на завршените обврски во Еврокупот. Тренерот, но и сите во клубот се надеваат дека ова време ќе биде максимално искористено за санирање на повредите, но и за кревање на физичките способности на играчите.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page