Досега непоразената Црвена звезда денеска ни гостува во „Јане Сандански“!

2016 17 Дек

Со желба да се продолжи низата на добри игри и победи на домашен терен и тоа без разлика на квалитетот на противникот, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја очекуваат денешната пресметка со Црвена звезда (17 часот) во рамки на 14. коло од АБА-лигата.

Тренерот Анте Назор е свесен дека пред негови избраници е исклучително тешка мисија не само поради фактот што играат против единствената досега непоразена екипа во регионалното натпреварување, која пред само неколку дена буквално го прегази Макаби Тел Авив, туку и поради проблемите со отсустни играчи кои нѐ следат подолг период. Ксавиер Темс сѐ уште е во САД поради трагедија во семејството додека под голем знак прашалник е настапот на Даниел Кларк (удар во листот на ногата) и на Стојан Ѓуроски (препоните). Добра вест, пак, е што се очекува враќање на паркетот на Стефан Синовец и на Џош Скот, кој поради удар во коленото го пропушти неодамнешниот дуел против Гран Канарија.

По дуелот со одличната Гран Канарија ни доаѓа пресметка со уште посилен противник, белградска Црвена звезда, чиј квалитет најдобро можеше да се види на неодамнешниот дуел со Макаби Тел Авив со кого си поигруваа како што татко си игра со своите деца. Поради тоа, ќе мора да бидеме далеку порешителни и помотивирани и покрај проблемите со повреди кои нѐ следат подолг период. Тие што ќе бидат подготвени за настап ќе мора да пружат максимален отпор и максимално сериозно да влезат во натпреварот протим силниот ривал. Свесни сме дека би можело да дојде до одредено емотивно празнење кај црвено-белите по големата победа во Евролигата и сигурно ќе пробаме да изненадиме и да покажеме дека никој не може да биде толку изразен фаворит против нас кога играме на домашен терен“, изјави тренерот Назор.

Денешната пресметка против белградските црвено-бели воедно е и последен настап на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на домашен терен во 2016 година, што е дополнителен мотив за давање сѐ од себе и за обид за изненадување на фаворитот. „Металците“ се во серија од четири победи по ред во АБА-лигата пред своите гледачи (Карпош Соколи, Унион Олимпија, ФМП и Будуќност), што доволно говори колку за нашите играчи значи поддршката од трибините. Атмосферата од меч на меч е сѐ подобра и Назор и неговите избраници очекуваат уште поголема помош од своите фанови во обидот да се дојде до тоа што никому досега не му тргна од рака – да се совлада Црвена звезда.

Ова ќе биде деветти меѓусебен дуел со белграѓани во регионалното натпреварување во кои нашиот тим има само една победа остварена пред точно три години. Билетите за овој дуел се веќе во продажба по цена од 100 (сто) денари, а може да се купат на билетарницата пред салата „Јане Сандански“, како и он-лајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.

Судии на мечот се Синиша Херцег (Хрватска), Марко Јурас (Србија) и Матеј Шпендл (Словенија). Директен пренос на првиот канал на Македонската телевизија (МТВ).

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page