Пуштени во продажба билетите за средбата со Црвена звезда по цена од – сто денари!

2016 12 Дек

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром би сакал да ја информира спортската јавност дека се во продажба влезниците за претстојната средба против Црвена звезда, која на 17 декември (сабота) со почеток во 17 часот ќе се одигра во големата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“ . Станува збор за прв меч од втората етапа од АБА-лигата и тоа против актуелниот шампион во регионалното натпреварување.

Цената на билетите е идентичен како и на сите претходни средби во АБА и изнесува 100 (сто) денари. Влезниците може да се купат на билетарницата при спортскиот центар „Јане Сандански“, како и он-лајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page