Несреќен пораз од Морнар со кош на три секунди до крајот

2016 10 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром беа многу блиску до првата победа на гостински терен сезонава, откако во последните дваесетина секунди влегоа со нерешен резултат, но не успеаја да го одбранат последниот напад на противникот на 3,2 секунди до крајот што значеше и пораз на гостувањето кај Морнар (64-65).

Аеродромци дури имаа шанса за да го однесат натпреварот во дополнителни пет минути, но Шарлон Клоф реализира само едно од двете слободни фрлања кои ги доби на 0,7 секунди до крајот. Евентуалната победа во бар ќе беше од огромно значење со оглед на тоа што тренерот Анте Назор не можеше да смета на дури четворица првотимци (Темс, Синовец, Мекиќ и Ѓуроски), но едноставно снемавме среќа на крајот.

Јуре Лалиќ и Клоф со по 14 поени беа најпрецизни кај „металците“, Ѓорѓе Дреновац постигна 10, а Даниел Кларк девет поени. Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром веднаш по натпреварот се враќаат кон Скопје, а во вторник заминуваат за Лас Палмас каде в среда против Гран Канарија ќе го одиграат последниот меч од Еврокупот. Следната сабота, пак, во „Јане Сандански“ ќе гостува лидерот во АБА-лигата, Црвена звезда.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page