Иако сме без двајца стартери: Во Бар да се одигра како против Будуќност!

2016 10 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром осоколени од големата победа над Будуќност (96-90) во минатото коло, попладнево ќе му гостуваат на незгодниот тим на Морнар (17 часот), кој сезонава е и тоа како опасен противник, особено на домашен терен.

Желбата на избраниците на тренерот Анте Назор е да се повтори играта од дуелот со подгоричани, пред сѐ во нападот и заедно со далеку поагресивна игра во одбраната да пробаат да дојдат до првата гостинска победа сезонава. Тоа воопшто нема да биде лесно и поради квалитетот на противникот и поради отсуството на двајца стартери, Ксавиер Темс (семејни проблеми) и Стефан Синовец (стомачен грип) додека во тимот се враќа Ѓорѓе Дреновац, од кого се очекува многу на денешниот дуел во Црна Гора.

Морнар пред сѐ е домаќинска екипа, која, сепак, ѝ направи многу проблеми на Игокеа во минатото коло на средбата во Лакташи. Ќе мора да бидеме максимално борбени, фокусирани и тимски подготвени на претстојниот дуел во Бар. Ќе пробаме со алтернативни одбрани да го спречиме противникот да не ни го разбие ритамот на игра. Целта и понатаму ни е да бидеме подобро од натпревар во натпревар и ако во Црна Гора бидеме оние вистинските тогаш сигурно ќе имаме шанса за победа“, вели хрватскиот стратег на клупата на аеродромци.

Сино-белите во моментов имаат скор 4-8 и со евентуален триумф против Морнар би направиле голем исчекор кон средината на табелата, особено што следува потешкиот дел од распоредот кој почнува следната сабота кога во Скопје ќе гостува Црвена звезда.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page