Посилни и од силната Будуќност и од големата судиска неправда!

2016 04 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром остварија голема во денешниот дуел на домашен терен против силната Будуќност (96-90), откако излегоа како подобри и во пресметката против вториот најдобар тим во АБА-лигата и против судиските неправди, кои рака на срце ги имаше премногу.

„Металците“ одиграа фантастично во нападот, шутираа брилијантно и со 13 тројки од само 22 обид му ја донесоа првата победа на новиот тренер, Анте Назор. Тимската игра се гледа од огромниот број асистенции (23), а имавме и поголем број скокови (30-21). Хрватскиот стратег го изненади противникот со ниска петорка, во која сите можеа да постигнат тројка, што на аеродромци им ја донесе четвртата победа по ред на домашен терен во регионалното натпреварување.

Дури седум кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром имаа двоцифрен поентерски ефект, а Џош Скот со 15 поени, 10 скока и две атрактивни блокади беше централна фигура во таборот на македонскиот шампион. Клоф и Кларк реализираа по 14, Дреновац 13, Симоновски 12 (4/6 за тројка), исто толку даде и Диабате, а Лалиќ 11 поени.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page