Без Ксавиер Темс и во денешната пресметка со силната Будуќност!

2016 04 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром денеска, на домашен терен, ќе ги одмерат силите со екипата на Будуќност (17 часот), во меч од 12. коло од АБА-лигата во кој ќе пробаат да ја продолжат серијата од три победи по ред на средбите во салата „Јане Сандански“.

Низата, која почна против Карпош Соколи, а продолжи со триумфите над Унион Олимпија и ФМП, сепак, нема да биде лесно да одржи пред сѐ поради отсуството на можеби најстандардниот поединец досега, Ксавиер Темс. Бекот уште минатата недела мораше итно да замине во САД поради семејни проблеми, кои се пролонгираа поради што Американецот доби дозвола да остане уште некој ден „преку барата“. Но и без него, избраниците на тренерот Анте Назот се решени да дадат сѐ од себе и да пробаат да го изненадат силниот противник.

„Ни доаѓа квалитетен тим, кој сезонава , сепак, покажува осцилации во играта, поради што ние треба да одиграме максимално од првата до последната минута од натпреварот и да го намалиме бројот на неизнудени грешки. Моите кошаркари мора да се навикнат да играат сите 40 минути во ист ритам и да го почитуваат системот во секој момент. Играта од првото полувреме на неодамнешната средба против Цедевита треба да ни биде своевиден репер. Будуќност е силен противник, но не е непобедлив и победата на овој меч би била најдобар лек за нас во ситуацијата во која во моментов се наоѓаме. Добрата одбрана и концентрираниот напад се двете работи кои би не довеле многу блиску до посакуваниот триумф“, вели хрватскиот стратег на клупата на аеродромци.

Судии на средбата се Миливоје Јовчиќ, Милија Војиновиќ (двајцата од Србија) и Драган Краљ (БиХ). Директен пренос на каналите на МТВ.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page