Пред мечот со Будуќност: Минута молчење за настраданите во авионската несреќа во Колумбија!

2016 02 Дек

Челниците на АБА-лигата решија сите средби од 12. коло од ова натпреварување, кое се игра од денеска до понеделник, да почнат со едноминутно молчење во чест на трагично настраданите во неодамнешната авионска несреќа во Колумбија, во која загина речиси комплетниот бразилски фудбалски тим Чапекоенсе.

Можност за оддавање почит на загинатите јужноамерикански спортисти ќе имаат и спортските вљубеници кај нас и тоа пред пред задутрешниот меч на МЗТ Скопје Аеродром против Будуќност, кој со почеток од 17 часот ќе се одигра во големата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“. Билетите за оваа средба се веќе пуштени во продажба по цена од 100 (сто) денари, а истите може да се купат на билетарницата пред салата, како и он-лајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page