Официјално: Стојан Ѓуроски е нов член на МЗТ Скопје Аеродром!

2016 27 Окт

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Стојан Ѓуроски (24 год., 203 см.) од денеска и официјално е нов член на МЗТ Скопје, со што им се приклучи на колегите од националниот тим, Адем Мекиќ, Марко Симоновски и Љубомир Младеновски.

Станува збор за играч кој игра на позицијата ниско крило и кој ќе треба да биде од голема помош во следните неколку средби на кои поради повреди нема да настапат Симоновски, Ѓорѓе Дреновац и Шарлон Клоф. Ѓуроски во следниов период ќе игра со таканаречен отворен договор.

Минатата сезона тој ја почна во дресот на Работнички, но набрзо потоа се пресели во тимот на Кожув. Претходно, настапуваше за бугарски Левски, а зад себе има у четиригодишен период во американската НЦАА-лига во дресот на Луизијана Тек универзитетот.

Ѓуроски во сино-белиот дрес ќе дебитира в недела на гостувањето против Мега Лекс.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page