Испечатете ја страната

Пуштени во продажба билетите за првото македонски дерби во АБА-лигата

2016 19 Окт

Кошаркарскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром би сакал да ја информира спортската јавност кај нас дека денеска (19 октомври) почна продажбата на влезниците за средбата против Карпош Соколи, закажана за 23 октомври (недела) во салата „Јане Сандански“ со почеток во 17 часот, а во рамки на 6. коло од АБА-лигата.

Цената на билетот за првото македонско дерби во регионалното натпреварување изнесува 100 (сто) денари и истиот веќе може да се купи на билетарницата при спортскиот центар „Јане Сандански“, како и он-лајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.