Лалиќ: Не одигравме на посакуваното ниво!

2016 16 Окт

Големо беше разочарувањето кај кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром по вечерашниот пораз на гостувањето кај Задар, пред сѐ поради огромната желба конечно да се дојде до првата победа сезонава, што, за жал, не им успеа.

Добрата игра на последните два меча, кои релативно несреќно беа загубени, не се повтори во најголем дел од средбата во арената „Крешимир Ќосиќ“. Заморот од долгите и напорни патувања, како и недоволната рехабилитираност на повеќе повредени кошаркари доведе до пад во ритамот кога тоа најмалку беше потребно – во финишот.

„Не одигравме на посакуваното ниво, но во третиот период некако го кренавме ритамот и дојдовме до ситуација да можеме да се надеваме на триумф. Но, за жал, тоа не го искористивме. Му допуштивме на Задар со низа лесно поени повторно да се одлепи. Мислам дека вечерва имаа поголема енергија и срце од нас и заслужено триумфира. На нас сега е да продолжиме да работиме и пробаме да се кренеме. Имаме еднонеделен период за подготовка за следната средба во која ќе пробаме конечно да дојдеме до толку посакуваната победа“, изјави по средбата Јуре Лалиќ, кој со 19 поени и 12 скока беше убедливо најдобар во сино-белата чета.

Разочарувањето беше големо и кај тренерот Александар Јончевски, кој не успеа да победи во првиот меч сезонава во АБА-лигата во кој беше во улога на прв тренер, по оставката на Емил Рајковиќ минатата недела.

„Гостувањата во Задар никогаш не се лесно, па така беше и сега, без разлика на проблемите во играчкиот ростер со кои се соочуваше нашиот домаќин. Ангажирањето на Рамљак се покажа како вистинско, ние едноставно не успеавме да најдеме решение. Кога помисливме дека го најдовме вистинскиот ритам со играта во второто полувреме против Лиеткабелис, дојдоа напорни патувања, кои заедно со константните проблеми со повредите доведоа да не можевме да одговориме на вечерашниот предизвик во АБА-лигата. Се надевам дека во претстојната недела во која ќе тренираме во Скопје ќе успееме добро да се подготвиме за првата победа во новата сезона“, прокоментира стратегот на „металците“.

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром утре се враќаат дома каде што ќе работат до следната недела, за кога ги очекува првото македонско дерби во АБА-лигата против Карпош Соколи, кое се игра во салата „Јане Сандански“.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page