МЗТ Скопје Аеродром поразен на гостувањето во Задар

2016 16 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром остануваат без победа во новата сезона во АБА-лигата, откако вечерва загубија на гостувањето против Задар (65-72), во рамки на 5. коло од регионалното натпреварување.

Лошиот игра во финишот од третата и првата половина од последната четвртина се покажа како клучен фактор за петтиот по ред неуспех на сино-белите. Аеродромци во 29. минута дојдоа до првото водство на средбата (52-50), но тука застанаа и му дозволија на противникот да направи серија 16-2 и на пет минути до крајот да дојде до огромни плус десет (66-56), кои значеа и драгоцена победа во борбата за опстанок во АБА-лигата. Претходно, избраниците на Александар Јончевски постојано имаа резултатски приклучок и се закануваа со пресврт, но црниот период пред крајот ги чинеше да останат без шанси за прв триумф во новата сезона.

Во составот на МЗТ Скопје Аеродром имаше само еден вистински расположен играч, Јуре Лалиќ, кој средбата ја заврши со 19 поени и 12 скока. Ниту еден од останатите во составот не оствари двоцифрен поентерски ефект, а најблиску до тоа беа Ксавиер Темс и Џош Скот со по девет поени.

Пред „металците“, за првпат од почетокот на сезоната, е еднонеделен период во кој немаат натпревари и кој може да се искористи за рекуперација, рехабилитација и тренирање, со оглед на тоа што екипата е слободна во 2. коло од Еврокупот. Следен противник во АБА-лигата, пак, е Карпош Соколи и тоа в недела во „Јане Сандански“, во првото македонско дерби во историјата на регионалното натпреварување.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page