Емил Рајковиќ повеќе не е тренер на МЗТ Скопје!

2016 09 Окт

Поразот во вечерашната средба на домашен терен против Цибона (85-89), кој е четврти во низа во новата сезона во АБА-лигата, значеше и крај на соработката на МЗТ Скопје Аеродром со тренерот Емил Рајковиќ, кој по средбата поднесе неотповиклива оставка, која беше прифатена од управата на клубот.

„Јас сум тренер и човек кој негува високи морални вредности и поради тоа поднесувам неотповиклива оставка и дека на МЗТ Скопје Аеродром му посакувам среќа во следниот период во сите натпреварувања. Се трудев, дадов сѐ од себе, но едноставно не направивме резултат поради што ваквиот мој чекорможеби ќе биде подобар и за клубот и за мене“, изјави Рајковиќ на прес-конференцијата по средбата со загрепчани.

Претходно, досегашниот предводник на „металците“ даде свое видување на поразот од хрватскиот тим, кој дојде по пеколна борба и две продолженија, а во кој составот од „Јане Сандански“ во еден момент имаше предност и од 14 поени (54-40).

„Во вечерашниот дуел дадовме сѐ од себе, играчите одиграа чесно, сакаа да победат и во тоа ништо не можам да им забележем. Факт е дека немавме среќа, ја имавме победата в раце, но топката во неколку наврати сама влегуваше во нашиот кош по некои лоши реакции на Џош Скот. Настапивме во состав во кој ги немаше Џеремаја Мејси и Тори Томас, со кои решивме да ја прекинеме соработката, со повредени Дреновац и Лалиќ и со невоигран Синовец. Досегашните резултати не се добри, но се со противници кои сигурно ќе бидат во горниот дел од табелата и овој ростер што сега го оформивме мислам дека веќе почнувајќи од дуелот со Задар па сѐ до 12. коло ќе има шанси да се остварат потребните победи за етаблирање во горната половина од АБА-лигата. Момците дефинитивно имаат капацитет и верувам дека ќе успеат во тоа“, прокоментира Рајковиќ.

Урош Лучиќ со 18 поени и шест скока, Ксавиер Темс со 17 и Јуре Лалиќ со 15 поени беа најдобри во составот на МЗТ Скопје во вечерашниот дуел со Цибона. Шарлон Клоф средбата ја заврши со 11 поени и по седум скока и асистенции, а за одбележување е и фактот што голем дел од второто полувреме игравме без Лалиќ, кој направи пет лични грешки.

Сино-белите веќе утре ќе тргнат кон Литванија, каде што в среда ги очекува првиот дуел од Еврокупот против Лиеткабелис. Екипата на ова гостување ќе биде предводена од досегашниот помошник Александар Јончевски. Во тимот нема да бидат Мејси и Томас со кои наскоро и ќе биде официјализиран ракинот на соработката.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page