Со Синовец во тимот на мегдан против загрепска Цибона

2016 09 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва, на домашен терен против хрватска Цибона (21 часот), ќе се обидат да стават крај на серијата од три порази и конечно да го забележат првиот триумф сезонава во АБА-лигата.

На сино-белите воопшто нема да им биде лесно бидејќи против себе имаат квалитетен противник, а тука се и проблемите со повредите на Ѓорѓе Дреновац (бутниот мускул) и на Јуре Лалиќ (носот). Но, без разлика на тоа, сите во таборот на МЗТ Скопје Аеродром се решени да го дадат максимумот и да покажат дека го знаат патот кон излезот од кризата.

„Се надевам дека утрешниот меч против Цибона ќе наговести подобра иднина за нашата екипа. Верувам дека ќе одиграме многу поангажирано и поборбено, бидејќи тоа е начинот за да се оствари добар резултат. Секој играч што ќе се појави на паркетот ќе мора да го остави последниот атом енергија и да даде се од себе за МЗТ Скопје. Само така ќе може да се надеваме на победа против гостинот од Загреб“, вели тренерот Емил Рајковиќ.

Ова ќе биде деветти меѓусебен дуел на овие два тима во АБА-лигата, а досегашниот меѓусебен скор е 4-4. На средбите во Скопје, аеродромци имаат далеку подобар успех и тоа три победи во четирите досега одиграни меча.

„Мораме да одиме на победа, едноставно доста веќе редиме порази во АБА-лигата. Деновиве добивме засилување, кое верувам дека ќе донесе нова енергија и ќе нѐ раздвижи сите во тимот. Треба да се бориме максимално, да играме како еден. Против себе ќе имаме силен противник, а клучно ќе биде да го затвориме нивниот најдобар двоец – Шакиќ и Жижиќ“, изјави Урош Лучиќ.

На вечерашниот дуел свое трето деби во сино-белиот ќе има Стефан Синовец, кој пред неколку дена ги заврши сите формалности околи договорот со МЗТ Скопје Аеродром, кој е со важност до крајот на сезоната.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page