Трет пораз за МЗТ Скопје Аеродром во АБА-лигата

2016 06 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром остануваат без победа во новата сезона од АБА-лигата, откако попладнево загубија на гостувањето кај Цедевита со 61-82 (18-25, 14-13, 16-18,13-26).

И покрај неуспешната завршница, „металците“ покажаа далеку подобра игра во однос на претходните два меча со Црвена звезда и со Партизан и без разлика на крајниот резултат, кој е нерелен во однос на прикажаното, најавија дека доаѓаат подобри денови за нивните навивачи. Кратката ротација, на која беше приморан тренерот Емил Рајковиќ поради повредите на Ѓорѓе Дреновац (бутен мускул) и Јуре Лалиќ (скрешница на носот) беше можеби главната причина за поразот на сино-белите. Ако на тоа се додаде и проблемот со личните грешки на Ксавиер Темс, кој во првото полувреме одигра само шест минути, тогаш крајниот епилог е сосема реален со оглед на односот на силите на паркетот.

Цедевита постојано беше во водство, но нашите момчиња постојано им „дишеа во врат“ не дозволувајќи им премногу да се одлепат резултатски. Аеродромци даваа сѐ од себе во текот на сите 40 минути, а не се предадоа ниту кога противникот поведе со плус 16 (50-34) во 25. минута од средбата. Со борбена играна намалија на шест поени разлика (55-61), но за тоа потрошија многу енергија, па снемаа сили за да направат нешто повеќе до крајот на средбата.

Најдобри во нашиот состав беа Шарлон Клоф и Марко Симоновски, кои постигнаа 16 односно 15 поени, со тоа што македонскиот репрезентативец реализира дури пет тројки. Ксавиер Темс реализира девет, а Урош Лучиќ седум поени.

МЗТ Скопје Аеродром веднаш по средбата се враќа во Скопје, каде што од утре ќе ги почне подготовките за неделната средба на домашен терен против уште еден хрватски тим, екипата на Цибона.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page