МЗТ Скопје ќе игра за третото место на турнирот „Мирза Делибашиќ“

2016 16 Сеп

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе играат за третото место на меморијалниот турнир „Мирза Делибашиќ“ во Сараево, откако по голема борба загубија во вечерашната полуфинална пресметка со летово сериозно засилениот тим на Будуќност (72-78).

„Металците“ за противник ќе го имаат поразениот од второто финале помеѓу организаторот Босна Ројал и хрватска Цедевита (18 часот). Клучна за денешниот неуспех беше декоцентрацијата во нападот во третиот период и тоа по единственото водство кои ги имавме на натпреварот (47-45). По овој момент, црногорците до крајот на четвртината направија 19-4 и првпат сериозно се одлепија (64-51), што им беше доволно за триумф.

Мора да се нагласи дека македонскиот шампион настапи без Џош Скот (стомачен вирус) како и веќе подолго време отсутните Шарлон Клоф, Марко Симоновски, Љубомир Младеновски и Адем Мекиќ. Ова допринесе тренерот Емил Рајковиќ да нема премногу играчи во ротација, а згора на тоа Јуре Лалиќ и Џеремаја Мејси уште на стартот од вториот период влегоа во проблеми со личните грешки и принудно на клупата минаа подолго време од вообичаеното.

Во последните десет минути, кошаркарите на МЗТ Скопје пробаa уште еднаш да се вратат во игра. Намаливме на само четири поени негатива (70-74) на две минути до крајот, но и покрај големата желба и борба тоа не беше доволно за победа.

Сино-белите одлично го одиграа првото полувреме, во кое постојано му дишеа во врат на противникот. Зонската одбрана на Рајковиќ се покажа како одлично решение за проблемите со ротацијата и личните грешки, а брзите раце на Тори Томас и Ксавиер Темс донесоа неколку украдени топки и лесни поени. Поради ова, негативата од девет поени (11-20) брзо беше анулирана, а во финишот во неколку наврати имавме можност и за целосен резултатски пресврт.

Урош Лучиќ и Темс со 16 односно 15 поени беа најпрецизни во нашиот тим, Ѓорѓе Дреновац постигна 13, а Лалиќ 12 поени. Дуелот против поразениот од дуелот Босна и Цедевита ќе биде последен дуел за шампионот пред домашниот Суперкуп, во кој во полуфиналето ќе игра против екипата на Фени индустри.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page