Младинскиот репрезентативец Цветковски потпиша за МЗТ Скопје Аеродром

2016 24 Авг

Членот на младинската кошаркарска репрезентација на Македонија, Андреј Цветковски (19 год, 190 см), денеска потпиша двегодишен договор со МЗТ Скопје Аеродром и ќе биде дел од екипата која сезонава, покрај двете домашни натпреварување, ќе настапи и во престижниот Еврокуп и секогаш силната АБА-лига.

Цветковски од почетокот на подготовките на шампионот напорно тренира со останатите првотимци и од него се очекува да биде од помош на бековските позиции, со оглед на големиот број натпревари кои ги очекуваат избраниците на тренерот Емил Рајковиќ. Ова воедно претставува негово враќање во „Јане Сандански“, каде што настапуваше во најголем дел од досегашната кариера во младинските категории. Минатата сезона тој беше дел од тимот на Работнички.

Талентираниот бек на неодамнешното младинско ЕП-дивизија Б во Грција настапи на седум натпревари на кои имаше просек од 9,1 поен и 2,9 скокови. Претходно тој беше дел од кадетската и јуниорската репрезентација на Македонија, со вкупен настап на пет континентални собири од Б-дивизијата во периодот од 2012 до 2016 година.

Тој е деветтиот кошаркар кој беше ангажиран летово. Претходно, договорни обврски со МЗТ Скопје потпишаа Американците Џош Скот, Џеремаја Мејси и Ксавиер Темс, Холанѓанецот Шарлон Клоф, Србите Ѓорѓе Дреновац и Урош Лучиќ, Хрватот Јуре Лалиќ како и членот на најдобрата македонска селекција, Марко Симоновски. Под договор се уште и неговиот колеги од националниот тим, Љубомир Младеновски и Адем Мекиќ.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page