Американецот Темс е нов играч на МЗТ Скопје Аеродром!

2016 20 Авг

Американецот Ксавиер Темс (25 год., 191 см.) е најновото засилување за екипата на МЗТ Скопје Аеродром во летниот преоден рок, откако потпиша двегодишен договор со македонскиот шампион, пред кого е напорна сезона со настапи во Еврокупот, АБА-лигата и во двете домашни натпреварувања.

Станува збор за бек-шутер пред кого допрва претстои докажување и кој досега има само неколкумесечно европско искуство настапувајќи за шпанскиот прволигаш Севиља во втората половина од 2014 година. Во меѓувреме, Темс играше за „лудите мравки“ од Форт Вејн во американската развојна НБДЛ-лига, а две години по ред беше дел од Бруклин нетс во Летната НБА-лига (2014 и 2015), екипа која ги откупи правата за него откако на драфтот пред две години беше избран како 59. пик од страна на Торонто репторс.

Новото засилување на МЗТ Скопје Аеродром е и делумно познато на кошаркарската јавност кај нас, со оглед на тоа што настапи за комбинираната репрезентација на Македонија на неодамнешната турнеја во Кина. Темс остави релативно солиден впечаток во жолто-црвениот дрес, откако беше меѓу најефикасните на поголем дел од средбите на македонската селекција на двата турнири кои ги одигра на Далечниот Исток.

Американецот е осмиот играч кој летово потпиша договор со актуелниот првак, по сонародниците Џеремаја Мејси и Џош Скот, Холанѓанецот Шарлон Клоф, Србите Урош Лучиќ и Ѓорѓе Дреновац, Хрватот Јуре Лалиќ како и македонскиот репрезентативец, Марко Симоновски. Под договор се уште и Љубомир Младеновски и Адем Мекиќ, а новитет има и во стручниот штаб, со оглед на тоа што сезонава улогата на предводник од клупата ќе ја има Емил Рајковиќ.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page