Лучиќ: Мора добро да се подготвиме, нѐ чека напорна сезона!

2016 15 Авг

Српскиот интернационалец, Урош Лучиќ, по една година повторно е во „Јане Сандански“, во дресот на МЗТ Скопје Аеродром, каде што претходно мина две успешни сезони во кои освои исто толку шампионските титули.

Крилниот центар е свесен дека пред него и тимот е напорен подготвителен период, но исто така знае дека нема добар резултат без тони пролиена пот во овој дел од годината.

„Минав две преубави години во МЗТ Скопје и не размислував премногу кога летово добив понуда од мојот поранешен клуб. Играњето во Еврокупот секако дава посебен шмек на целата приказна и беше само дополнителна причина за да се вратам во Македонија. Згора на тоа, ако сѐ биде како што треба, ќе играм против својот брат Владимир (член на Баерн Минхен – н.з.) што секогаш ми е посебен предизвик. Свесни сме сите дека нѐ очекува напорна сезона, тимот е речиси целосно променет со само неколку играчи од минатиот шампионат и со нов тренер, што значи дека ќе треба добро да се подготвиме, да дадеме сѐ од себе за да дојдеме до посакуваните резултати“, изјави Лучиќ по првиот денешен тренинг во пресрет на новата сезона.

Шампионот денеска ги „запали моторите“ и го означи стартот на сезоната во која во Еврокупот ќе се стекнува искуство, во АБА-лигата ќе се брка досега најдобар пласман, а во домашните натпреварување ќе се бранат ланските трофеи.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page