Ќе имаме македонско дерби во АБА-лигата

2016 10 Авг

По четиригодишен настап како единствен македонски претставник, МЗТ Скопје Аеродром во следната сезона ќе има домашно друштво во АБА-лигата, откако раководството на ова натпреварување денеска потврди дека како нов член во јадранското семејство е примен тимот на Карпош Соколи.

„Соколите“ неколку години наназад се во самиот врв на македонската кошарка, а минатата сезона играа во финалето од Купот на Македонија каде што беа поразени токму од нашиот тим. Тие се примени со специјална покана, место кое претходно го откажа Унион Олимпија, која, сепак, пак ќе биде дел од АБА-лигата, но без да плати 150.000 евра по негативниот одговор кој челниците на лигата го добија од Хелиос и од Златорог Лашко.

Првата средба на два македонски клуба во АБА-лигата ќе се одигра на 22 октомври во рамки на 6. коло, кога дебитантот од скопската населба Карпош ќе гостува во „Јане Сандански“. Реваншот е закажан за 21 јануари, кога сино-белите ќе ги одмерат силите со „соколите“ во салата „Борис Трајковски“, која ќе биде дом на новиот јадрански лигаш од нашата држава.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page