Шампионот на 15 август ќе ги почне подготовките!

2016 09 Авг

Актуелниот освојувач на двојната круна, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, на 15 август (понеделник) ќе ги почне подготовките за новата сезона и тоа во салата „Јане Сандански“, каде што новиот тренер Емил Рајковиќ ќе го одржи првиот официјален тренинг по доаѓањето во таборот на „металците“.

Новиот стратег во првиот подготвителен дел нема да може да смета на поголем дел од првотимците и тоа поради нивните репрезентативни обврски, што, пак, ќе биде можност за давање шанса на најталентираните од младинската школа за нивно наметнување кај предводниот на сениорскиот тим. Меѓу тие што ќе го пропуштат стартот е и новата аквизиција на бековската позиција, Шарлон Клоф, кој ќе биде еден од лидерите на селекцијата на Холандија во квалификациите за пласман на ЕП 2017.

Стручниот штаб на МЗТ Скопје Аеродром досега има договорено две пријателски средби и тоа на традиционалниот турнир „Мирза Делибашиќ“, кој на 16 и 17 септември ќе се одигра во Сараево и на кој ќе настапат уште и организаторот Босна Ројал, хрватска Цедевита и црногорска Будуќност. Планирано е одигрување на уште неколку контролни дуели, а противниците ќе бидат дополнително објавени.

Пред избраниците на тренерот Рајковиќ е исклучително напорна сезона во која ги очекува настап во Еврокупот, АБА-лигата како и во домашниот шампионат, каде што ќе се приклучат во вториот дел и во Купот на Македонија. Пред сино-белите е и пеколен старт со десет меча во месец октомври и воведни дуели со екипи како Црвена звезда, Партизан, Цедевита, Цибона и Уникаха. Амбициите, пак, се одбрана на домашните круни, искористување на Еврокупот за стекнување драгоцено искуство како и обид за подобрување на досега најдобриот пласман во АБА-лигата, а тоа е седмото место од дебитантската сезона 2012/13.

МЗТ Скопје во моментов, заедно со стандардните првотимци од минатата сезона, под договор има седум кошаркари и тоа македонските репрезентативци Љубомир Младеновски, Адем Мекиќ и Марко Симоновски, Холанѓанецот Клоф, Американецот Џош Скот како и српскиот двоец Ѓорѓе Дреновац и Урош Лучиќ.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page