Познат распоредот за новата сезона во АБА лигата

2016 14 Јул

На денешното собрание на АБА лигата кое се одржа во Будва, донесена е одлука регионалното кошаркарско натпреварување да брои 14 клубови, наместо првично планираните 12. Унион Олимпија и ФМП се двата клуба кои ќе добијат можност да играат во лигата заедно со оние кои тоа го остварија преку пласманот во националните федерации.

Новата сезона  2016/2017 планирано е да започне на 1-ви октомври и лигашкиот дел ќе трае до 11-ти март 2017, додека стартот на плејофот е закажан за 18-ти март и ќе се игра до 15-ти април 2017.

На собранието беа извлечени и натпреварувачките парови за престојната сезона, во која македонскиот шампион петти пат по ред ќе преставува како единствен преставник на нашата држава. МЗТ Скопје во првото коло оди на дуел против актуелниот шампион на АБА, тимот на Црвена Звезда на гостински терен во Белград.

Првите четири тима кои ќе обезбедат најдобар пласман продолжуваат во плејофот, додека екипата која ќе биде последнопласирана ќе испадне од можност да се натпреварува во АБА во наредната сезона.

 

Raspored ABA liga 2016 2017

 

 

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page