Тимот на МЗТ Скопје е поразен од домаќинот Цедевита со убедлив резултат 89-64, во меч од последното коло од АБА лигата кој се одигра вечерва во Загреб. Дуелот започна израмнето во првите неколку минути, за потоа домашниот состав со серија од 14-0 да направи предност од 28-10. Како поминуваше натпреварот предноста на Цедевита константно се зголемуваше па по три четвртини игра разликата во корист на хрватскиот шампион беше 25 поени. Во последниот период се одигра нерешено 18-18, а со тоа остана и високата предност за Цедевита за конечни 89-64.
Во редовите на МЗТ Скопје, Ѓорѓе Дреновац со 21 поен и Марко Љубичиќ со 15 поени беа единствените со двоцифрен поентерски учинок.
Кај Цедевита, Миро Билан и Хенри Вокер постигнаа по 16 поени, додека Пулен постигна 12 поени.
Со вечерашниот пораз, тимот на МЗТ Скопје со учинок од 10 победи и 16 порази ја завршува четвртата сезона во АБА лигата. Точниот пласман на табелата ќе биде познат по одигрувањето на сите средби од последното коло.
Следен натпревар за МЗТ Скопје е дуелот од домашното првенство против тимот на Фени Индустри во Кавадарци, кој е закажан за среда со почеток од 18.00ч.