Последно коло од АБА, МЗТ Скопје гостува кај Цедевита

2016 05 Мар

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром отпатува за Загреб, каде што во недела со почеток од 19.00ч ќе го одигра последниот овосезонски меч во АБА лигата, а за противник ќе го има составот на Цедевита. Со победата над Тајфун во минатото коло, МЗТ Скопје го обезбеди опстанокот во АБА лигата, па последниот меч нема да има големо резултатско значење. Додатен проблем за македонскиот шампион ќе биде отсуството на Марко Луковиќ и Горјан Марковски кои нема да можат да му помогнат на тимот на ова гостување. Во првиот меѓусебен дуел на овие два тима кој се одигра во Скопје, славеше Цедевита со резултат 65-70.

Александар Јончевски
„Ни престои гостување кај еден од претендентите за освојување на АБА лигата и тоа некомплетни поради повреди на двајца играчи, меѓутоа растеретени од притисокот кој беше присутен подолг период. По освојувањето на Купот во домашниот шампионат, ја остваривме и втората цел, а тоа е опстанокот во АБА лигата. Не очекува долго патување за Загреб, меѓутоа тоа нема да ни биде оправдување и ќе дадеме се од себе да изненадиме барем еден учесник во плејофот оваа сезона. Цедевита настапува на два тешки фронта, па тука ја гледаме нашата шанса за успех.”


Адем Мекиќ
„Не очекува тимот на Цедевита кој бележи добри резултати и во АБА и во Евролигата со својот пласман во Топ 16. Ние патуваме во Загреб без никаков резултатски притисок. Се надевам дека ќе одиграме добар натпревар и дека ќе бидеме во можност да го изненадиме фаворитот во ова последно коло од АБА лигата. “

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page