Интервју - Ѓорѓе Дреновац- Среќата се заслужува

2016 27 Јан

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром конечно успеа да ја прекина серијата од два последователни порази во АБА лигата, беше подобар од екипата на Крка.  Ѓорѓе Дреновац со 23 постигнати поени на тој натпревар беше еден од најзаслужните за деветиот триумф на МЗТ Скопје.

Во последното коло ја победивте екипата на Крка и покрај тоа што во поголемиот дел од средбата имавте резултатска негатива. Што мислите дека беше клучно за победата на овој натпревар и колку пресвртот зборува за карактерот на екипата?

-  Сигурно е дека самото значење на натпреварот придонесе да бидеме малку стегнати и да не бидеме на високо ниво. Клучот за победата сигурно лежи во одбраната со која во последната четвртина примивме само осум поени. Покажавме карактер и победивме без оглед на тоа што не блескавме. Можеби помалку и среќно, но ние неколку пати губевме добиени натпревари, па еднаш мораше и нас да ни се врати. Сепак, среќата се заслужува.

Иако играте доста подобро со промената на тренерот, со победата над Крка прекинавте серија од два пораза и со тоа сега сте на 2 победи повеќе од екипите кои се на дното од табелата. Какво е вашето мислење за вашата позиција на табелата и посебно од драматичниот завршеток на сезоната од аспект на борбата за опстанок?

-Мислам дека со оваа победа 99% обезбедивме опстанок во АБА лигата. Направивме кикс пред две кола кога изгубивме на домашен терен од Сутјеска. Сега сме во помирна ситуација затоа што имаме добри резултати против тимовите од долниот дел на табелата. Борбата за опстанок никогаш не било понеизвесна, иако мислам дека во наредните две кола се ќе се искристализира.

 
Заедно со екипата и вие лично се издигнавте во формата и константно сте меѓу најефикасните побединци на МЗТ Скопје Аеродром. Каде ги гледате главните причини за добрите партии и колку вашите добри партии придонесе доаѓањето на Александар Јончевски на позицијата прв тренер?

-  Клучот за се е во добрата и напорна работа. Тренираме добро, владее добра атмосфера во екипата, така да сигурно тие две работи се најбитни. Покрај тоа, доделена ми е улога на еден од лидерите на тимот, добивам доста минути и играм со полна самодоверба, така што сум доста задоволен.

  Во неколку наврати се истакнавте со потези кои се избрани меѓу најдобрите во поединечните кола, па очигледно сакате да играте аткративно. Како се чуствувате кога ќе ја воодушевите публиката со некоја добра акција?

  -Тоа се работи поради кои публиката доаѓа на кошаркарските натпревари.Чувството е одлично кога ќе дадете личен придонес за такво нешто.

 
 Каков расплет очекувате од продолжетокот на сезоната во АБА лигата и дали имате некоја порака до вашите навивачи ?


 -Што се однесува до нас, ќе дадеме се од себе да избориме што подобар пласман. Имаме три натпревари против трите најдобри екипи во лигата, па тоа може да биде прав тренинг но и слика за тоа што можеме да оствариме. Со самото тоа ги повикувам нашите навивачи да дојдат во што поголем број и да не подржат во борбата за добри резултати оваа сезона.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page