Нов пораз за МЗТ Скопје во АБА лигата

2015 29 Ное

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го доживеа петтиот последователен пораз во АБА лигата откако вечерва во Цеље се поразени од домашниот состав на Тајфун со резултат 68-62. Тајфун во текот на целата средба имаше контрола над резултатот, додека дури во самиот финиш МЗТ Скопје дојде на само поен негатива, но не успеа да направи целосен пресврт.
Томас Болчина беше најефикасен играч кај домаќинот со 19 поени, додека Братож постигна 12 поени.

Кај МЗТ Скопје, Марко Луковиќ постигна 12 поени, Буниќ и Дреновац беа стрелци на 10 поени.

МЗТ Скопје следниот меч од АБА лигата го игра на домашен терен во недела (06.12.2015) против тимот на Цедевита, додека претходно има гостување во Гевгелија кај тимот на Кожув во рамките од домашниот шампионат.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page