МЗТ Скопје поразен од Задар 60-72

2015 23 Ное

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром го доживеа и четвртиот последователен пораз во АБА лигата, откако вечерва на домашен терен беше совладан од Задар со резултат 60-72.  МЗТ Скопје повторно одлично го стартуваше натпреварот и многу брзо создаде двоцифрена предност со која го доби првиот период со резултат 21-8. Во втората четвртина сосема поинаква слика на натпреварот, гостинската екипа беше таа која ја имаше целосната контрола на средбата, па не само што ја надомести негативата, туку успеа  и да има предност на полувреме со резултат  29-35.
Третиот период од мечот помина во израмнета игра на двете страни, додека во последната четвртина гостите од Задар предводени од одличниот Глен Коузи повторно се одвоија со двоцифрена предност, која МЗТ Скопје не упеа да ја надомести, за конечни 60-72. Тоа е прв триумф за екипата на Задар во Скопје, откако претходно имаше четири неуспешни обиди.


Глен Коузи беше прв играч во победничкиот состав. За 21 минута поминати на паркетот, Коузи беше најдобар стрелец на наптреварот со 19 поени, 5 скока и 2 асистенции. Покрај него, Иван Рамљак и Филип Краљевиќ постигна по 13 поени.

Дамјан Стојановски и Ѓорѓе Дреновац со  по 15 поени и Марко Луковиќ со 12 поени беа единствените со двоцифрен учинок во редовите на МЗТ Скопје.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page