Пораз од Будуќност во Подгорица 65-55.

2015 14 Ное

Трет пораз во низа за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, откако вечерва во рамките од 10.то коло на АБА лигата во Подгорица се поразени од домаќинот Будуќност со резултат 65-55. Густиот распоред и трите тешки дуели во само 5 дена се чини остави трага кај избраниците на Алеш Пипан кои го одиграа најлошиот офанзивен меч во досегашниот тек на АБА лигата.  МЗТ Скопје беше поуспешен од домаќинот во скок играта, меѓутоа процентот на шут во текот на целиот меч изнесуваше катастрофални 29 проценти.
МЗТ Скопје неможеше да најде решение за Тадија Драгичевиќ кој беше прв играч кај домашните со 19 поени. Роберт Рикиќ и Алекс Мариќ постигнаа по 10 поени.
Љубомир Младеновски беше најдобар во редовите на МЗТ Скопје со 13 поени и 8 скока. Марко Луковиќ постигна 10 поени, додека Дамјан Стојановски и Ѓорѓе Дреновац постигнаа по 9 поени.

Кошаркарите на МЗТ Скопје веднаш по натпреварот се враќаат за Скопје, каде што ќе продолжат со тренинзите пред натпреварот на домашен терен со Карпош Соколи кој е закажан за среда (18.11.2015) со почеток од 18.30ч.
Следниот меч од АБА лигата МЗТ Скопје го игра во СЦ Јане Сандански, во понеделник (23.11.2015) со почеток од 18.00ч.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page