Прв пораз на МЗТ Скопје на домашен терен

2015 09 Ное

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром го претрпе петтиот пораз во АБА лигата, а прв на домашен терен, откако вечерва поусшешен од нив беше составот на Црвена Звезда со резултат 66-71.  Гостите од Белград имаа контрола над резултатот во текот на целата средба, но се чини клучната разлика ја направија во вториот период кој го добија со резултат 20-9. МЗТ Скопје пробуваше да се врати во игра, но се што успеа да направи беше да ја намали разликата на четири поени негатива.

Ѓорѓе Дреновац со 19 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје. Душко Буниќ постигна 14, Марко Љубичиќ 12 поени.
Во тимот на Црвена Звезда, Стефан Јовиќ постигна 17 поени, Милер беше стрелец на 13 поени.

Би им честитал на играчите на Црвена Звезда за вечерашниот триумф. Ние имавме голема цел, голем план и голема желба да го оствариме можеби невозможното и да го добиеме фаворитот. Тоа не ни успеа, поради неколку причини. Немам што да им забележам на играчите, затоа што го дадоа максимумот. Имавме многу грешки, и доколку сакате триумф против Звезда неможете да изгубите 15 топки, да се промашат толку зицери колку што ние промашивме и падот на концентрацијата во тие клучни моменти на играта. Клучен беше крајот на вториот период кога им дозволивме они да се одлепат на 11 разлика, а потоа некако ги стигнавме и кога требаше да направиме целосен пресврт, направивме грешки кои не смеевме да ги направиме. Не треба да бидеме тажни, момците навистина дадоа се од себе. Црвена Звезда беше подобар противник, со подолга клупа и квалитетни играчи. Треба да се свртиме напред кон мечот со Будуќност во Подгорица." изјави Алеш Пипан по натпреварот.

МЗТ Скопје во четврток со почеток од 19.00ч ќе го одигра дерби дуелот против тимот на Работнички во рамките од 5.то коло на домашниоат шампионат, додека следниот натпревар во АБА лигата е дуелот против Будуќност во Подгорица кој е закажан за недела со почеток од 21.00ч.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page