МЗТ Скопје поразен од Крка 72-68

2015 31 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје не успеаа да го остварат четвртиот последователен триумф во АБА лигата откако вечерва се поразени од домашниот состав на Крка со резултат 72-68. МЗТ Скопје одигра одлично прво полувреме по кое што имаше предност од осум поени разлика, меѓутоа лошата трета четвртина која што МЗТ Скопје ја загуби со 24-12 се покажа како решавачка.

Јуре Лалиќ со 20 постигнати поени и пет скока беше прв играч во домашниот состав. Душан Катниќ и Иве Иванов постигнаа по 12 поени.
Кај МЗТ Скопје, Данило Мијатовиќ беше стрелец на 16 поени, додека Марко Луковиќ беше вториот играч со двоцифрен број на поени.

МЗТ Скопје својот следен меч во АБА лигата го игра во понеделник (09.11.2015) против Црвена Звезда, а претходно во среда (04.11.2015) гостува кај Фени Индустри во меч од домашниот кошаркарски шампионат.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page