Совладана Сутјеска за прв гостински триумф

2015 18 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје со победа се враќаат од тешкото гостување во Никшиќ, Црна Гора, откако вечерва го совладаа домаќинот Сутјеска со резултат 68-77. Избраниците на тренерот Пипан имаа контрола над резултатот во текот на целиот меч и сосема заслужено дојдоа до првиот триумф на гостински терен во оваа сезона.

Данило Мијатовиќ со 18 поени беше прв стрелец во тимот на МЗТ Скопје. Дамјан Стојановски имаше 15 поени и 8 скока, додека по 10 поени постигнаа Марко Љубичиќ и Марко Луковиќ.

Кај Сутјеска, Радослав Спасојевиќ со 16 поени беше најдобар поединец.

Изјави по мечот

„ Им честитам на моите играчи за вечерашната победа. Знаевме што не чека, направивме одлична работа во одбраната и ги сопревме нивните најдобри стрелци. Ова беше важна победа и таа треба да се потврди во следното коло кога играме на домашен терен.“ - Алеш Пипан.

„Ова беше тешко гостување во Никшиќ, секоја екипа ќе треба да се намачи за да ги однесе бодовите од тука. Беше исцрпувачко, но продолживме да играме добро во континиутет и се изборивме за доста важна победа. Се надевам дека ќе продолжиме со серијата на победи и во наредниот период.“ – Марко Љубичиќ.

Следниот натпревар за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром е гостување кај Куманово, во дуел од второто коло на домашниот шампионат, кој е закажан за среда (21.10.2015) со почеток од 20:00ч.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page