МЗТ Скопје - Цибона, недела 21.00ч

2015 14 Мар

МЗТ Скопје Аеродром во недела од 21 часот ја пречекува екипата на Цибона од Загреб, во рамките од 25.то коло на АБА лигата. По лошата игра во Софија и поразот од последно пласиранот состав на Левски, МЗТ Скопје се надева дека во последниот меч на домашен терен оваа сезона ќе ќе ја совлада Цибона со што ќе биде и прекината серијата на порази.

Во недела ја пречекуваме екипата на Цибона од Загреб. Се работи за екипа која е спој на младост и искуство и која игра доста добро оваа сезона и покрај сите проблеми кои ги има. Што се однесува до нас, тренираме добро и насочени сме да ги корегираме грешките од изминатите натпревари. Би сакале во последниот меч од АБА лигата на домашен терен да влеземе максимално ангажирано и секако да оствариме победа." - Алеш Пипан.

Влезниците за дуелот МЗТ Скопје и Цибона се пуштени во продажба и може да се набават по цена од 100 денари за горните трибини односно 200 денари за ВИП секциите.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page