Испечатете ја страната

Пуштени во продажба влезниците за мечот против Левски

2014 04 Дек

Пуштени се во продажба влезниците за дуелот МЗТ Скопје Аеродром и Левски од Софија кој е закажан за недела (07.12.2014) со почеток од 17:00 часот. Влезниците се со цена од 100 денари за горните трибини и 200 денари за ВИП секциите, а истите може да се набават низ продажната мрежа на МК Тикетс како и на билетарата при СЦ Јане Сандански секој ден од 12:00 до 20:00 часот.